Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски манипуира, плука и лаже


Најнеспособниот градоначалник во Македонија, во изминатите години наместо од работа и проекти политички опстојува од манипулации, лаги и политички флоскули. На Жерновски му преостана само она што единствено го знае да плука, навредува и манипулира, се вели во партиската реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на денешната изјава на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, дадена по посетата на СЈО.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во СЈО даваше исказ за инцидентите во општината во 2013-та година, кога имаше протести. Тој изјави дека со поранешниот премиер Никола Груевски ќе се видат на суд и тогаш ќе се види колку е храбар.

XS
SM
MD
LG