Достапни линкови

logo-print

Турција ја делат пет услови од визна либерализација со ЕУ


Турција нема исполнето уште пет од вкупно 72 услова за укинување на визниот режим со ЕУ, изјави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

„Ситуацијата не е изменета од моментот на последниот извештај на ЕК. Уште пет услови остануваат неисполнети“, истакна Берто.

Таа нагласи дека во списокот на неисполнети услови се наоѓаат и измените во турскиот закон за борба против тероризмот.

Турција се надеваше на визна либерализација со ЕУ од 1 јули оваа година согласно договорот за прекин на мигрантскиот бран од Турција кон земјите од Унијата.

XS
SM
MD
LG