Достапни линкови

Руски активист доби азил во Украина


Руски опозициски активист кој беше првиот обвинет според новиот закон за ограничување на протестите, доби политички азил во Украина. Станува збор за активистот Владимир Ионов. Тој поднел барање до украинските власти откако против него беше поднесено обвинение за учество на повеќе од два непријавени протести во период од шест месеци. Потоа Украина го прифати неговото барање за азил. Според рускиот закон донесен во 2014 година, за тоа дело следува казна затвор до 5 години.

XS
SM
MD
LG