Достапни линкови

Собрани околу 39 милиони денари за поплавените


Црвениот крст на Македонија досега до граѓаните од загрозените подрачја од неодамнешното невреме дистрибуирале повеќе од 27 илјадипакети со храна, илјадници оброци, литри мелко, хигиенски пакети, храна за бебиња, облека, душеци... Укажани се 123 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст. Досега на телефонските линии и на жиро сметката на солидарниот фонд се собрани околу 39 милиони денари.

Од утре помош за поплавите ќе се донира и во поштите. Македонска пошта од утре до 31 август годинава ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион.

Оттаму посочуваат дека дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG