Достапни линкови

СДСМ бара оставка од Трајановски, ВМРО-ДПМНЕ го брани


СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот. Градоначалникот Трајановски веќе два мандата одговорно и посветено работи за Скопје и тоа е очигледен проблем за СДСМ.

Ова го порачува ВМРО-ДПМНЕ во писмена рекација на денешното соопштение на СДСМ во кое побара оставка и одговрност од градоначалникот Трајновски.

Опозициската СДСМ во денешното пишано соопштение до медиумите бара оставка и одговорност од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

За Трајановски, се нагласува, поважно беше да ги троши парите на граѓаните за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби.

XS
SM
MD
LG