Достапни линкови

Почина поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж


Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Жоао Авеланж почина денес на возраст од 100 години.

Тој почина во болницата во Ботафого, во близина на родниот град Рио, откако беше хоспитализиран пред еден месец поради проблеми со дишењето.

Бразилецот беше на чело на ФИФА во периодот 1974-1998, кога тој беше наследен од страна на Џозеф Блатер.

Од 1963 до 2013 беше член на Меѓународниот олимписки комитет, како поранешен пливач и ватерполист на Бразил.

Избран е за почесен претседателот на ФИФА, но поднесе оставка по скандалот со корупција за Светското првенство во Бразил 2014.

XS
SM
MD
LG