Достапни линкови

Димитриев - наскоро ќе почне обештетување на поплавените


Во селото Стајковци најголем дел од улиците и домовите се исчистени. Извршена е дезинфекција во над 85 проценти од домовите. Наскоро се очекува да започне и обештетувањето на граѓаните чии домови и имоти беа поплавени и уништени во невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион, рече премиерот Емил Димитриев, кој денеска беше во посета на селата Стајковци и Инџиково.Тој вели дека се работи за голема сума на средства што ќе треба да се исплати, но најважно е да им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.

Во селото Инџиково, кое, исто така, беше погодено од невремето, направена е проценка на околу 370 куќи, а во текот на утрешниот ден или евентуално во четврток се очекува целосно да заврши. Направена е и дезинфекција во околу 260 куќи.

XS
SM
MD
LG