Достапни линкови

Средба Путин - Назарбаев во Сочи


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев рече дека украинскиот претседател Петро Порошенко е склон кон наоѓање компромиси за решавање на конфликтот во источна Украина меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти.

На денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, Назарбаев рече дека Порошенко неодамна по телефон му рекол дека украинскиот парламент го попречува донесувањето на законодавството со кое се дефинира статусот на источните региони Доњецк и Луганск, кои се под контрола на проруските сепаратисти.

Путин му се заблагодари на Назарбаев за неговата улога како медијатор во подобрувањето на односите на Русија и Турција и изрази надеж дека ќе се зголеми трговијата меѓу Русија и Казахстан.

XS
SM
MD
LG