Достапни линкови

До ДИК се пријавиле 5.526 спорни гласачи


До денеска напладне до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 5.526 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Најмногу пријавени има во Чаир – 748, а потоа следуваат Тетово, Куманово и Сарај. Освен лично пријавување во некои од канцелариите на ДИК, граѓаните можат да се пријавуваат и преку интернет страницата на Комисијата.

Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите што најверојатно ќе се одржат оваа година.

XS
SM
MD
LG