Достапни линкови

logo-print

Турција бара над 2.000 години затвор за Ѓулен


Обвинението против турскиот проповедник Фетула Ѓулен содржи 2,527 страници. Турските обвинители поднесоа обвинението против него за неговата наводна вмешаност во обидот за државен удар минатиот месец, во кој загинаа околу 240 луѓе. Во обвинението поднесено денеска се бара Ѓулен да добие две доживотни казни и плус 1.900 години затвор за „обид за уништување на уставниот поредок на Републиката“ и „формирање и водење вооружена терористичка група“. Ѓулен, кој живее во САД, негира каква било вмешаност во неуспешниот државен удар.

Исто така, турската полиција, денеска, спроведе рација во Истанбул во 44 компании по решенија за притвор за 120 бизнисмени. Властите го уапсија и новинарот Арда Акин, кој работи во весникот Хуријет. Европската федерација на новинари соопшти дека 68 новинари се уапсени во Турција по обидот за пуч.

XS
SM
MD
LG