Достапни линкови

Русија напаѓа во Сирија од база во Иран


Руската војска спроведе воздушни напади во Сирија користејќи воена база во Иран. Тоа е првпат да се користи базата во Иран од страна на руската војска за напади во Сирија, јавија руските државни медиуми.

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека нападите биле извршени со борбени авиони кои полетале од воената база Хамадан во Иран. Според руските власти нападите биле успешни и тие погодиле објекти на организацијата Исламска држава, меѓу кои и депоа за оружје и кампови за обука.

Претседателот на Комисијата за одбрана во руската Дума, Владимир Комоједов, изјави дека употребата на иранската база ќе им заштеди гориво, а ќе може и да се зголеми количината на бомбите што ги носат авионите.

XS
SM
MD
LG