Достапни линкови

logo-print

Турција собира помош за поплавените во скопско


Турски тимови со 24 возила и 42 луѓе со специјална опрема за испумпување вода и чистење на калта и наноси помагаат во поплавените населени места во скопскиот регион. Во Република Турција се уште се одвива кампања за собирање средства и помош за поплавените подрачја. Досега од таму пристигнале шест камиони со најитна помош од Бурса, а ваква помош е најавена и од Мармара, беше потенцирано на денешната прес-конференција во Амбасадата на Турција во Скопје.

Aмбасадорот Омур Шолендил изрази сочувство за жртвите во невремето и посака брзо заздравување на повредените, потенцирајќи дека Турција, како и секогаш, ќе и помогне на пријателска Македонија за справување со оваа катастрофа. Турскиот амбасадор ги посетил сите места во скопскиот регион опфатени со невремето.

XS
SM
MD
LG