Достапни линкови

logo-print

Русија забранува многу работни места за работници-мигранти


Во рускиот регион Сибир им се забранува на работниците мигранти да работат во некои индистрии. Во резолуцијата која денеска ја издаде гувернерот на областа Новосибирск на мигрантите им се забранува да работат во училишта и во индустриите за риболов, рударство и дрво. Мигрантите, исто така, веќе нема да можат легално да работат во компании кои прават храна за бебиња. Забрането им е да бидат возачи на автобус или такси возачи, сметководители, адвокати и секретарки. Како и многу други руски региони, така и во Новосибирск, област која граничи со Казахстан, има значителен прилив на работници-мигранти, главно од поранешните советски републики во Централна Азија.

XS
SM
MD
LG