Достапни линкови

Рускиот министер за одбрана во посета на Азербејџан


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и неговиот азербејџански колега Закир Хасанов разговарале за билатералната воена соработка за време на разговорите во Баку. Двајцата министри разговарале и за начините за решавање на азербејџанско-ерменскиот конфликт околу отцепениот регион Нагорно-Карабах.

Шојгу изјави дека треба приспособување на воените односи меѓу двете земји, додавајќи дека безбедноста во Каспискиот регион е од големо значење за соседните земји. Хасанов изјави дека посетата на Шоигу е од исклучително значење за развојот на билатералната воена соработка меѓу двете држави.

XS
SM
MD
LG