Достапни линкови

Помошта за поплавените приоритет за ВМРО-ДПМНЕ


Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов кој рече дека заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите. Од владејачката партија велат дека институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.

Од партијата велат дека надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население ќе остане прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.

Од СДСМ сметаат дека парите наменети за изградба на Панорамското тркало и за спомениците треба да се пренаменат за поплавените подрачја.

XS
SM
MD
LG