Достапни линкови

Црвен крст - поделени над 24 илјади пакети со храна


Дистрибуирани 23.954 пакети со храна, потребни се средства за хигиена и за дезинфекција, конзервирана и бебешка храна, соопштија од Црвен крст.

Црвениот крст соопшти дека со своите седум мобилни тимови, односно 150 лица-волонтери и професионалци, продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи.

Укажани се 111 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се четири медицински транспорти.

Од Црвениот крст наведуваат дека во четирите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „Фон Интернат“, каде се сместени 230 лица, дистрибуирале дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

XS
SM
MD
LG