Достапни линкови

Новинарката Исмаилова не смее да го напушти Азербејџан


Грузискиот Апелационен суд ја отфрли жалбата на истражувачката новинарка Кадија Исмаилова која бараше да се укине судската забрана да ја напушти земјата. Судот денеска ја одби жалбата на новинарката на Радио Слободна Европа, со што таа не може да патува надвор од Азербејџан.

Исмаилова е добитник на бројни меѓународни награди за новинарство, а беше уапсена во декември 2014 година. Подоцна беше осудена на седум ипол години затвор за даночно затајување, злоупотреба на имотот, како и други обвиненија. Во мај, Врховниот суд на Азербејџан ја намали казната на условна казна затвор од три ипол години, а на почетокот на овој месец таа казна беше намалена на 2 години и 3 месеци.

Исмаилова и нејзините приврзаници тврдат дека обвиненијата против неа се политички мотивирани, оти таа пишуваше за корупциски скандали во кои се вмешани членови на семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.

XS
SM
MD
LG