Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Собраниските заклучоци нема да ги решат проблемите


Заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на вчерашната собраниска седница посветена на поплавите што го зафатија скопскиот регион гласале против тоа навистина да им се помогне на граѓаните од поплавените подрачја.

СДСМ смета дека парите наменети за изградба на Панорамското тркало и за спомениците треба да се пренаменат за поплавените подрачја.

XS
SM
MD
LG