Достапни линкови

Лавров и Штајнмаер разговарале за Рисија и Украина


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговиот германски колега Франк Волтер Штајнмаер во рускиот град Екатеринбург разговараа за Украина и за Сирија. По денешниот состанок, двајцата министри ја потврдија својата поддршка на договорот од Минск за решавање на конфликтот во источна Украина.

Лавров рече дека тие се подготвени да достават непобитни докази за тоа дека Киев планирал саботажи во Крим. Тој рече дека Русија не планира да ги прекине дипломатските односи со Украина поради инцидентот и дека тоа би било „екстремна мерка“. Украина ги негира обвиненијата.

Штајнмаер изрази загриженост за влошувањето на ситуацијата во Украина во последниве неколку недели. Тој ги повика Москва и Киев да ги истражат тврдењата за наводна саботажа во Крим.

Што се однесува на Сирија, Лавров вели дека е потребен прекин на огнот во и околу Алепо, но дека прво треба да се справат со прашањето на борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG