Достапни линкови

logo-print

Десет држави најавиле помош, од четири пристигнала


Најавена е помош од 10 држави, а од четири е веќе пристигната и е внесена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опремата се дистрибуира на терен, вели директорот на институцијата Шабан Салиу.

Унгарија денеска донираше материјално технички средства, вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки, маски... Ова претставува еден дел од опремата што ќе биде донирана. Од амбасадата најавуваат дека вториот контигент од околу четири камиони треба да пристигне наскоро, информира Салиу.

Салиу повтори дека во поплавите настрадаа 22 лица и дека се уште има едно исчезнато лице, а тоа е дете на 16-месечна возраст и дека се трага по него.

XS
SM
MD
LG