Достапни линкови

Руските параолимпијци се жалат на забраната за Рио


Параолимпискиот комитет на Русија поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот параолимписки комитет да им забрани на руските спортисти да учествуваат на Параолимпијадата во Рио од 7 до 18 септември.
Рускиот комитет денеска соопшти дека поднеле жалба до Арбитражниот Суд за спорт, а рочиштето за овој случај ќе се одржи на 21 август. Одлуката може да се очекува на 22 август.
Претходно овој месец, Меѓународниот комитет му забрани на целиот тим на Русија, кој брои речиси 270 спортисти да настапат на Параолимпијадата, поради скандалот со допинг кој ја тресе Русија.

XS
SM
MD
LG