Достапни линкови

Почнуваат уписите на државните универзитети


Пријавувањето за упис во прва година додипломски студии за 2016/2017 година на три државни универзитети во Битола, Штип и Охрид почнува денеска, во Тетово утре и во Скопје во четврток.

Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти.

Најмногу слободни места 10.535 има на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Министерството за образование и наука информираше дека при креирањето на конкурсите за јавните високообразовни институции предвид се земени податоците од анализите за понудата и побарувачката на пазарот на трудот, како и проекциите за идните побарувани занимања.


XS
SM
MD
LG