Достапни линкови

logo-print

Турција уапси 43 новинари по обидот за пуч


Четириесет и тројца новинари се уапсени во рамки на истрагата за обидот за воен удар во Турција на 15 јули, а издадени се повеќе од сто налози за апсење новинари, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“, кој се повикува на податоци на новинарската асоцијација., Платформа за независно новинарство, со седиште во Истанбул.

Оваа асоцијација посочи дека со апсењето на 11 август на новинарката Ајшенур Паралдак, од веќе затворениот весник „Заман“, бројот на уапсените новинари, осомничени во врска со обидот за пуч достигна 43 лица. Десет дена по пучот беа издадени налози за апсење на 42 новинари во рамки на истрагата против членовите на организацијата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, ФЕТО.

Освен тоа 42 новинари од турската државна телевизија ТРТ, чии имиња и должности не се објавени, беа приведени на 11 август. Според извори на листата се и некои од водечките новинари во телевизијата. Освен налозите за апсење властите на новинарите им забрануваат патување во странство. Според официјалните податоци 74.562 пасоши се поништени во рамки на истрагата за обид за пуч. Има информации дека на околу 200 новинари им се забранува влез во турскиот Парламент.

XS
SM
MD
LG