Достапни линкови

Лекари од Брза помош породиле мигрантка


Вкупно 47 мигранти во изминатите 24 часа биле откриени на територијата на Македонија, од нив 39 во атарот на радовишкото село Дамјан, а осум во близина на граничниот премин Стар Дојран. Меѓу мигрантите во Стар Дојран имало и бремена жена која била породена од лекари од гевгелиската Брза помош, соопшти МВР. Мигрантите откриени кај Стар Дојран, кои се од Авганистан, се сместени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија, освен мајката и бебето кои се во болница. Мигрантите кои се откриени во радовишко се од Сирија.

XS
SM
MD
LG