Достапни линкови

logo-print

Опозицијата бара одговорност, власта вели сега е потребна лопата


Опозицијата бара одговорност за штетите од поплавите, додека власта се брани дека се не е време за одговорност, тука за лопата. Собранието денеска одржува седница за штетите од поплавите на барање на пратеничката група на СДСМ. Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ рече дела целта на седницата е да се донесат заклучоци и да им се помогне на оние кои беа погодени од невремето, но и оти некој мора да понесе одговорност за она што се случи. Власта се брани дека невремето било природен феномен кој не може да се предвиди и оти власта прави се што е во нејзина моќ да им помогне на настраданите. Пратениците од владејачкото мнозинство бараат да не се политизира несреќата, но опозицијата вели дека власта не прави ништо за заштита од непогоди и оти не извлекува поуки. На седницата се присутни многу министри, првите луѓе на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу и на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, но не присуствуваат премиерот Емил Димитриев и претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG