Достапни линкови

Штрајнмаер - Очајно е потребна хуманитарна помош во Алепо


Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штрајнмаер изјави дека очајно е потребна хуманитарна помош во опколениот сириски град Алепо и дека можеби ќе биде неопходно да се отвори „воздушен мост“ за да се донесе. Тој за весникот Велт ам Зонтаг вели дека Германија разговара со САД, Русија и со Обединетите нации да се обидат да организираат „итна хуманитарна помош“ за градот во северна Сирија. И покрај повиците за прекин на огнот и руското ветување за тричасовно воздржување од воздушни напади дневно, сепак нема прекин на насилствата. Штајнмаер треба да разговара за сирискиот конфликт со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Екатеринбург на 15 август.

Средбата следува по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Русија оваа недела. Тој со Путин разговараше за сирискиот конфликт, што беше прва средба по влошувањето на односите меѓу двете земји како резултат на турското соборување на руски авион.

XS
SM
MD
LG