Достапни линкови

Почина една жена од нападот во воз во Швајцарија


Илустрација

Илустрација

Почина една жена повредена за време на синоќешниот напад со нож во воз во Швајцарија, соопшти полицијата. Жената која имала 34 години им подлегна на повредите здобиени за време на нападот, а уште три жртви остануваат во критична состојба. Во нападот беа повредени седум луѓе. Напаѓачот првин нападнал со нож, а потоа подметнал пожар во возот. Напаѓачот, кој бил швајцарски државјанин, исто така починал од изгорениците од пожарот.

Полицијата соопшти дека не постојат индикации дека 27-годишниот осомничен за нападот имал какви било врски со терористички организации. Осомничениот за нападот исто така е хоспитализиран со тешки изгореници. Нападот се случил во близина на границата со Лихтенштајн.

XS
SM
MD
LG