Достапни линкови

Убиен муслимански свештеник во Њујорк


Муслимански свештеник и негов соработник биле убиени синоќа кога ја напуштале џамијата во њујоршкиот кварт Квинс по попладневната молитва. Напаѓачот им пришол одзади и од непосредна близина ги застрелал двајцата во глава, соопшти полицијата. Досега никој не е уапсен за убиствата. Мотивот не е познат и нема докази дека тие биле нападнати поради нивната вера, вели портпаролката на њујоршката полиција, но не се исклучува таква можност. За време на нападот, жртвите биле облечени во верска облека.

XS
SM
MD
LG