Достапни линкови

Ирачките Курди започнаа офанзива за Мосул


Курдските борци во Ирак започнаа офанзива, како дел од напорите за враќање на контролата врз градот Мосул од Исламската држава. Денешните напади почнаа кратко по артилериското бомбардирање и воздушните напади врз позициите на Исламската држава од коалицијата предводена од САД. Командантот на Пашмерга, вооружените сили на ирачките Курди, рече дека во првите шест часа од офанзивата се заземени шест села. Мосул, кој се наоѓа околу 400 километри северно од Багдад, е најголемата урбана област под контрола на Исламската држава и се смета за главен град на организацијата. Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади вети дека ќе ја преземе контролата врз градот до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG