Достапни линкови

Освен Турција, Бајден во посета и на Летонија и на Шведска


Посетата на американскиот заменик-претседател Џо Бајден на Турција на 24 август ќе биде дел од неговата европска турнеја, соопшти Белата куќа.

Турнејата ќе почне на 22 август и ќе заврши на 25 август. Освен Турција, Бајден ќе ги посети и Летонија и Шведска.

Бајден прво ќе ја посети Летонија, каде ќе учествува на самитот на лидерите на Литванија, Летонија и Естонија и ќе се сретне со високи летонски функционери. Тој ќе одржи и говор кон народите на земјите од балтичкиот регион.

XS
SM
MD
LG