Достапни линкови

Собраниска седница за состојбата со поплавите


Собранието за денеска напладне ја закажа посебната седница посветена на состојбата во поплавените подрачја од невремето што се случи на 6 август годинава во Скопје и околината.

На дневен ред на седницата е Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје, поднесена од пратеничката група на СДСМ. Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Во невремето загинаа 22 лица, и беше причинета голема материјална штета.

XS
SM
MD
LG