Достапни линкови

Вратена струјата за речиси сите поплавени


ЕВН Македонија соопшти дека ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион.

„Сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија“, посочуваат од ЕВН.

Воедно се наведува дека кај околу стотина корисници по нивно барање сè уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и домови се под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација.

XS
SM
MD
LG