Достапни линкови

Европол ќе трага по членови на ИД во мигрантските кампови во Грција


Европската полициска служба - Европол заедно со грчките власти ќе дејствуваат за пронаоѓање членови на Исламска држава во мигрантски кампови во Грција. Иницијативата на Европол ќе започне кон крајот на месецов и ќе се вршат строги контроли со цел да се пронајдат евентуални терористи од Сирија и Ирак.

Минатата година австриските власти уапсија двајца мажи, осомничени за поврзаност со огранок на ИД, кој планирал и извршил координирани напади во Париз во ноември 2015 година. Според тврдењата, и двајцата осомничени влегле во Грција со фалсификувани сириски пасоши, а подоцна пристигнале во Австрија.

XS
SM
MD
LG