Достапни линкови

Стотици цивили ослободени од Исламската држава


Исламската држава ослободи стотици цивили кои ги користеше како човечки штит за време на напуштањето на упориште во северна Сирија, но судбината на останатите е непозната. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека стотина цивили кои Исламската држава ги држеше во градот Манбиџ, во близина на границата со Турција, се ослободени. Повлекувањето од градот кој е под нивна контрола од 2014 година, е најголем пораз за Исламската држава досега од Сириските демократски сили и Арапско-курдската алијанса со поддршка од американските авиони.

Исламската држава често врши масовни киднапирања за да ги користи луѓето како жив штит против нападите.

Сириските демократски сили презедоа офанзива кон крајот на мај за отстранување на Исламската држава од областите на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG