Достапни линкови

Лавров ќе разговара за Украина со Штајнмаер


Рускиот и германскиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер

Рускиот и германскиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер

Москва соопшти дека рускиот и германскиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер ќе се сретнат на 15 август за да разговараат за конфликтот во источна Украина. Средбата ќе се одржи во рускиот град Екатеринбург. Тензиите меѓу Русија и Украина ескалираа оваа недела, откако претседателот Владимир Путин ја обвинува Украина за планови за саботажи на Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година. Средбата следува по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Русија оваа недела. Тој со Путин разговараше за сирискиот конфликт, што беше прва средба по влошувањето на односите меѓу двете земји како резултат на турското соборување на руски авион.

XS
SM
MD
LG