Достапни линкови

logo-print

Изработена 90-метарска пура за 90-от роденден на Фидел Кастро


Кубанецот Хосе Кастелар, познат како Куето, кој е веќе носител на пет Гинисови рекорди за најдолга пура, изработи 90-метарска пура, која рачно ја завитка по повод 90-от роденден на Фидел Кастро. Оваа пура може да му ја донесе и шестата титула.

„Пурата е долга 90 метри, по повод 90-от роденден на нашиот лидер“, изјави Куето за време на нејзиното презентирање.

Тој објасни дека не го познава лично кубанскиот лидер, кој се повлече од власта пред 10 години и не пуши пури веќе 30 години.

„Тој одамна не пуши пури, но ние му ја подаруваме за да го одбележиме неговиот роденден, истакна 72-годишниот Кастелар, кој витка пури од својата петгодишна возраст. Тој започнал да ја подготвува пурата на 2 август, а работел по 12 часа со помош на група соработници.

XS
SM
MD
LG