Достапни линкови

logo-print

Волци напаѓаат во скопско Нерези


Илустрација

Илустрација

Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите при што задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби. Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости“ од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG