Достапни линкови

logo-print

Црна Гора испрати помош за Македонија


Владата на Црна Гора издвои 200 илјади евра помош за настраданите во невремето и поплавите што ја зафатија Република Македонија. Амбасадата на Црна Гора соопшти дека 100 илјади евра се финансиска помош што е наменета за буџетската резерва на Македонија, а 100 илјади евра е хуманитарна помош, медицинска и интендантска опрема. Помошта ја подготвија неколку институции - Војската на Црна Гора, Дирекцијата за вонредни ситуации при МВР и главниот град Подгорица, а на повик на премиерот Мило Ѓукановиќ се вклучија и повеќе приватни компании од Црна Гора.

XS
SM
MD
LG