Достапни линкови

Низа бомбашки напади во туристички центри во Тајланд


Тајландските власти се во потрага по виновниците за бранот бомбашки напади врз популарни туристички дестинации.

„Ние сме уверени дека ова е дело на мрежа со организатор“, велат во полицијата.

Сепак, досега никој не е уапсен и никој не ја презеде одговорноста за поставувањето на 11 мали бомби кои на 11 на 12 август експлодираа во јужните провинции на земјата, при што загинаа четворица луѓе, а десетици беа повредени.

Бомбите, кое најчесто беа детонирани по две едно по друго, беа насочени кон клучните туристички центри за време на продолжениот викенд, вклучувајќи и градовите Хуа Хин и островот Пукет.

Насилствата имаат за цел да му нанесат удар на туризмот, кој е една од клучните стопански гранки во земјата.

Полицијата ја отфрли можноста за меѓународен тероризам, велејќи дека нападите се чинови на „локална саботажа“.

XS
SM
MD
LG