Достапни линкови

logo-print

Газпром нема да се спојува со партнерите во Полска


Рускиот енергетски гигант Газпром и неговите европски партнери вчера го повлекоа барањето за одобрување на спојување во Полска, но велат дека нивниот проект - гасоводот Северен тек 2, останува жив. Газпром, англиско-холандската групација Шел, австриското ОМВ и германските Унипер и Винтершал планираат да изградат гасовод под Балтичкото Море, со што ќе ја заобиколат Украина и рускиот природен гас директно ќе се испорачува од Русија во Германија. Украина остро се противи на проектот, а германското учество во заедничка инвестиција со контроверзниот руски гасен монопол предизвикува критики.

Минатиот месец, антимонополската комисија на Полска рече дека се противи на најавеното спојување кое може да доведе до нелојална конкуренција и претерано зајакнување на Газпром, кој веќе игра „водечка улога“ во испораката на гас во Централна Европа.

Партнерите во Северен тек рекоа дека ги повлекуваат барањата за спојување поради приговори од регулаторот.

„Оваа одлука не влијае на спроведувањето на проектот, кој продолжува според планираното“, соопштија тие.

XS
SM
MD
LG