Достапни линкови

Чешка донира помош за справување со поплавите


Чешка испраќа материјална помош наменета за ублажување на последиците од катастрофалните поплави. Членови на Противпожарната спасувачка бригада на Чешка донираат 48 пумпи и 8 агрегати за електрична енергија во вредност од над 44 илјади евра. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се очекува да пристигнат и донации од Унгарија, Австрија и Словачка. Со овие донации се зголемува бројот на држави кој донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, чија членка е и Македонија.

XS
SM
MD
LG