Достапни линкови

Ослободени пакистанските офицери заробени во Авганистан


Ослободени се шесте членови на екипажот на пакистанскиот хеликоптер, кои беа заробени од авганистанските талибанци, соопштија властите во Исламабад. Не е познато каде е седмиот член на екипажот, за кого велат дека исто така бил ослободен. Екипажот на владиниот пакистански хеликоптер кој се урна во проблематичниот регион во Авганистан броеше седум члена, шест Пакистанци и еден Русин. Киднапираните офицери биле предадени на пакистанските власти доцна синоќа во племенската област Курам на границата меѓу Пакистан и Авганистан.

XS
SM
MD
LG