Достапни линкови

Исламска држава киднапирала околу 2.000 цивили во Сирија


Борците на организацијата Исламска држава киднапирале околу 2.000 цивили кои бегале од градот Манбиџ на северот од Сирија, соопшти денеска курдско-арапската коалиција. Според нив тие ги користат цивилите како жив штит за да не се пука во борбите на ИД. Курдско-арапската коалиција на 6 август ја презеде контролата на Манбиџ, што дотогаш беше во рацете на Исламската држава во Сирија. Градот падна во рацете на ИД во 2014 и претставува важна точка за снабдување на екстремистите на патот од границата со Турција до градот Рака што е главно упориште на исламистите. Некогаш во градот живееја околу 100 илјади жители.

XS
SM
MD
LG