Достапни линкови

logo-print

Русија распореди напреден антиракетен систем во Крим


Русија распореди напреден систем за против воздушна одбрана С-400 во анектираниот Крим, соопштија воените власти. Уште минатиот месец беше ветено дека системот ќе биде распореден на полуостровот. Русија го анектираше Крим во март 2014 година, но меѓународната заедница не го одобри тој чекор. Распоредувањето на системот на полуостровот на Црното Море доаѓа во време на пораст на тензиите меѓу Русија и Украина, откако Москва обвини дека Киев сака да направи упад во Крим.

XS
SM
MD
LG