Достапни линкови

logo-print

Конференција за 15 години од Охридскиот договор


По повод 15-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договорот, Секретаријатот за спроведување на договорот утре на Попова Шапка ќе организира конференција на тема „Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција”.

Oд Секретаријатот за МИА информираа дека форумот ќе го отвори вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Фестим Халили. Меѓу панелистите е и Питер Фејт кој учествуваше во разговорите од 2001, а доаѓа како претставник на Европскиот институт за мир, кој заедно со Секретаријатот ја подготви анализата за Охридскиот рамковен договор. Потврдено е учеството на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, а поканети се и други претставници на дипломатскиот кор, на политичките партии, експерти, универзитетски професори и други гости.

Утре се одбележуваат 15 - години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.

Преговорите, започнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13. август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Преговорите за Охридскиот рамковен договор почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Вилата „Билјана“ во Охрид во јули и во август 2001 година. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.

XS
SM
MD
LG