Достапни линкови

ЕВН: Вклучени 95 проценти од корисниците во поплавениот регион


ЕВН Македонија досега има вклучено над 13.000 корисници, односно над 95 проценти од вкупниот број корисници во реонот зафатен со поплавите.

Од ЕВН Македонија информираат дека без напојување во моментов се неколку стотици корисници кои се напојуваат од трафостаници кои се под вода и корисниците кои не сакаат да бидат приклучени поради уништената внатрешна инсталација. Екипите остануваат на терен сè додека не се нормализира во целост снабдувањето со електрична енергија.

Во соопштение наведуваат дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил за оваа услуга.

Направени се над 1.200 проценки на штета на домаќинствата, околу 300 машини и 1.200 пумпи се на терен во местата зафатени со поплавите во скопско, информира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

XS
SM
MD
LG