Достапни линкови

Високи казни за рекорден шверц на кокаин


На вкупно 42 години затвор се осудени двајца турски државјани кои беа обвинети за рекорден шверц на кокаин, во вредност од над 500 милиони фунти. Судот во Глазгов го осуди Мумин Сахин (47) на 22 затворска казна, додека неговиот сорабоник, Емин Озмен (51) на 20 години затвор.

Двајцата беа уапсени во април минатата година, во Северно Море, во реонот на шкотското пристаниште Абердин, кога нивниот брод „Хамал“ беше запрен и претресен. На бродот полицијата пронајде 3,2 тони сокриен кокаин, што е најголемото количество шверцувана дрога откриена и конфискувана во Велика Британија.

XS
SM
MD
LG