Достапни линкови

logo-print

Реакција на ЗНМ за СЈО и случајот на Божиновски


Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство(СЈО) да побара да го преземе предметот на новинарот Зоран Божиновски, кој од април е во притвор поради сомнение за извршени три кривични дела.

„Веруваме дека Специјалното јавно обвинителство ќе води покредибилна и поефикасна постапка за случајот на новинарот Божиновски и ќе помогне вистината побрзо да излезе на виделина“, велат од ЗНМ.

Остануваме на ставот дека апсењето на Божиновски е политички мотивирано затоа што власта ги злоупотребува законите и институциите неосновано да ја ограничи слободата на медиумите. Веруваме дека Божиновски е притворен со единствена цел да се спречи да објавува нови коруптивни скандали против власта, додаваат од ЗНМ.

XS
SM
MD
LG