Достапни линкови

Украина: Русија провоцира


Украина ја обвини Русија дека планира да предизвика натамошно насилство во источна Украина и да ги зацврсти позициите на проруските сепаратисти во регионот испорачувајќи им ново оружје и воена опрема.

Од украинската воена разузнавачка служба денеска соопштија дека Русија планира „големи провокативни акции во истокот на Украина, за потоа да ја обвинува дека не го почитува мировниот договор потпишан во Минск во 2015“. Украинското Министерство за надворешни работи побара од ОБСЕ нејзините набљудувачи да добијат пристап до Крим и до источните сепаратистички региони.

XS
SM
MD
LG