Достапни линкови

Курц: Благодарност за Србија за справувањето со бегалската криза


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска се заблагодари на Србија за придонесот во намалување на мигрантскиот бран со затворање на балканската рута.

Тој по разговорот со српската делегација, предводена од премиерот Александар Вучиќ, истакна дека Србија одлично соработува со Австрија во надминување на бегалската криза.

Шефот на австриската дипломатија нагласи дека неговата земја е соочена со раст на бројот на мигранти преку Италија, поради што треба да се преземат мерки за намалување на приливот од оваа рута.

XS
SM
MD
LG